Либерти Ад Скопје е дел од дуалната образовна програма, ние нудиме можност за учење на работно место со цел стекнување на технички и спесифични вештини како голема придобивка за учениците и команијата. Дуалното образование е систем во кој практикантствата во една компанија се комбинираат со училишни часови во стручно училиште. Ова е од голема важност бидејќи таквото комбинирање придонесува за развој на високо квалитетни практични вештини.
Соодветно, овој процес има значајно влијание врз зголемувањето на можностите за вработување на учениците но уште поважно, го олеснува патот на учениците кон достојно и брзо вработување.
За програмата
Двојната образовна програма за првапат е започната во СЕТУ „Михајло Пупин„ Скопје во 2017 година. Либерти и „Михајло Пупин“ потпишаа меморандум за соработка. Моделот за дуално образование ги опфаќа покрај наставата за тригодишно образование во насока Електричар – електромонтер, и четиригодишниот образовен профил за Електротехничар – енергетичар.
Работни задачи
Практична обука за учениците е директно на работно место во просториите на Либерти, со обезбедени соодветни услови – работна средина, опрема и машини, со цел да се здобијат со соодветни вештини и компетенции и по завршување на средното стручно образование тие се лесно вработливи како стручен кадар.
Постојано менторство
Реализацијата на практичното образование во Либерти го водат ментори. Сертифицирани искусни вработени во Либерти ги менторираат студентите и ги запознаваат со реални сценарија и предизвици. Активното вклучување на студентите во практични активности во текот на сите средношколски години им овозможува на студентите да ги совладаат професионалните предизвици откако ќе се вработат во Компанијата.
Оваа програма всушност демонстрира како бизнисот може да се вклучи во образовниот процес да создадае вискоквалификувани кадри за кои пазарот на трудот има потреба.