Eден од најголемите производители на челични производи на Балканот кој нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за градежништво и сегментот на општа индустрија, опфајќајќи ги пазарите на Балканот и Југоисточна Европа. Ладната валавница е меѓу најголемите компаниии во Македонија која е основана во 1967 година и која моментално брои над 480 вработени.
Почнувајќи од топловалани котури како влезен материјал, фабриката има постројки за да го реализира постапното третирање на производите: лужење, ладно валање, жарење, поцинкување, пластифицирање и пакување.
Оперативната филозофија на компанијата е да произведе безбеден, одржлив челик а воедно и да обезбеди флексибилна и сигурна услуга со краток рок на испорака и одлична корелација со клиентите.
Производна програма
Со оглед на тоа што ние постојано се трудиме да развиваме нови решенија со цел да овозможиме испорака на што е можно повеќе од продуктите кои ги бараат нашите клиенти, нашето портфолио на производи постојано се подобрува. Како резултат на тоа, ја резимиравме понудата од нашиот погон во најновата Производна програма.