Ја бараме следната генерација лидери и специјалисти! Можете да патувате низ светот градејќи кариера со перспективи, можности и јасна цел – или да ја најдете токму овде во Скопје.
Ако сте неодамна дипломиран студент во областа на автоматизација, ИТ, електротехника и машинство и металургија, не двоумете се да аплицирате!
Нашата програма за дипломирани студенти е наменета за неодамна дипломирани студенти кои сакаат кариера во челичната индустрија и да придонесат во амбициозните планови за декарбонизација на компанијата.
12-месечната програма на вистински проект ќе ги собере тукушто дипломираните студенти од техничките универзитети со цел да ве развијат за идни менаџерски улоги во бизнисот и да ве охрабрат да придонесете за LIBERTY Скопје.
На студентите им нудиме можност да ја „вкусат“ челичната индустрија со тоа што ќе ги вклучиме во реални проекти и ќе им дадеме можност да го тестираат своето теоретско знаење во пракса со поддршка на LIBERTY ментори.
Создадете вистинска врска помеѓу теоријата на универзитетското образование и индустриската реалност.