North Macedonia | Select another site to see content specific to your location Change site

Website select
Global United Kingdom Czech Republic Romania Belgium Italy Macedonia Poland Luxembourg Hungary
  • октомври 14, 2020
  • Новости

ГФГ Алијансата ангажираше врвни експерти во Глобалниот советодавен одбор

Лидерот на одржливата индустрија, ГФГ Алијансата која е сопственик на Либерти Скопје, го најави Глобалниот советодавен одбор чие водечко светско индустриско искуство и експертиза ќе ја води компанијата во остварувањето на своите стратешки приоритети и постигнување најдобри практики во животната средина, заедницата и менаџирањето, особено кон остварување на нејзината цел за јаглеродна неутралност 2030.

ГФГ Алијансата го назначи одборот по консолидација со своите бизниси во три индустриски брендови; LIBERTY Steel Group, ALVANCE Aluminium Group and SIMEC Energy Group; со што продолжува да го подобрува управувањето, транспарентноста и независните советодавни структури низ целата групација.

ГФГ со задоволство објавува дека привлече 17 експерти од индустријата, политиката, економијата и правото, кои ќе помогнат во обликувањето на стратегијата на ГФГ Aлијансата за трансформација на индустриското производство и постигнување на јаглеродна неутралност до 2030 година (CN30).

Одборот ќе биде поделен во пет регионални подгрупи – како одраз на клучните пазари на ГФГ Aлијансата во Австралија, Индија, континентална Европа, Велика Британија и Америка – кои ќе се состануваат четири пати годишно. Целосниот одбор ќе се состанува секоја година под претседателство на Марк Елборн, поранешен извршен директор и претседател, General Electric Велика Британија и Ирска, и ќе одржува неформални групни дискусии секој месец.

Санџив Гупта, извршниот претседател на ГФГ Aлијансата, изјави:
„Широкиот дијапазон на експертиза на Глобалниот советодавен одбор ќе биде од огромна важност за иднината на ГФГ Aлијансата, преку обезбедување независни стратешки совети и насоки, особено затоа што ја зајакнуваме нашата посветеност кон животната средина, заедницата и менаџирањето, и продолжуваме да ја подобруваме транспарентноста низ целата групација.

Особено сме задоволни што направивме одличен чекор во обезбедувањето на висококвалитетни членови кои ќе водат најдобри практики и ќе целат кон исполнувањето на нашата водечка мисија во индустријата – да постигнеме јаглеродна неутралност до 2030 година. Ние ќе продолжиме и понатаму да ја развиваме експертизата на Одборот и со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на новите членови.”

Марк Елборн, претседателот на Глобалниот советодавен одбор, изјави:
„Визијата на ГФГ Aлијансата за модернизирање на процесите на производство со ниски јаглеродни технологии и обновлива енергија е енормно возбудлива. Членовите на Глобалниот советодавен одбор се посветени да и помогнат на компанијата да постави силна рамка, да ги исполни своите стратешки цели и да ја постигне својата мисија за јаглеродна неутралност до 2030 година.“

Биографиите на членовите се достапни на: www.gfgalliance.com

Последни новости

Прегледај сè