- октомври 14, 2020
- Новости
ГФГ Алијансата ангажираше врвни експерти во Глобалниот советодавен одбор
Лидерот на одржливата индустрија, ГФГ Алијансата која е сопственик на Либерти Скопје, го најави Глобалниот советодавен одбор чие водечко светско индустриско искуство и експертиза ќе ја води компанијата во остварувањето на своите стратешки приоритети и постигнување најдобри практики во животната средина, заедницата и менаџирањето, особено кон остварување на нејзината цел за јаглеродна неутралност 2030.
ГФГ Алијансата го назначи одборот по консолидација со своите бизниси во три индустриски брендови; LIBERTY Steel Group, ALVANCE Aluminium Group and SIMEC Energy Group; со што продолжува да го подобрува управувањето, транспарентноста и независните советодавни структури низ целата групација.
ГФГ со задоволство објавува дека привлече 17 експерти од индустријата, политиката, економијата и правото, кои ќе помогнат во обликувањето на стратегијата на ГФГ Aлијансата за трансформација на индустриското производство и постигнување на јаглеродна неутралност до 2030 година (CN30).
Одборот ќе биде поделен во пет регионални подгрупи – како одраз на клучните пазари на ГФГ Aлијансата во Австралија, Индија, континентална Европа, Велика Британија и Америка – кои ќе се состануваат четири пати годишно. Целосниот одбор ќе се состанува секоја година под претседателство на Марк Елборн, поранешен извршен директор и претседател, General Electric Велика Британија и Ирска, и ќе одржува неформални групни дискусии секој месец.
Санџив Гупта, извршниот претседател на ГФГ Aлијансата, изјави:
„Широкиот дијапазон на експертиза на Глобалниот советодавен одбор ќе биде од огромна важност за иднината на ГФГ Aлијансата, преку обезбедување независни стратешки совети и насоки, особено затоа што ја зајакнуваме нашата посветеност кон животната средина, заедницата и менаџирањето, и продолжуваме да ја подобруваме транспарентноста низ целата групација.
Особено сме задоволни што направивме одличен чекор во обезбедувањето на висококвалитетни членови кои ќе водат најдобри практики и ќе целат кон исполнувањето на нашата водечка мисија во индустријата – да постигнеме јаглеродна неутралност до 2030 година. Ние ќе продолжиме и понатаму да ја развиваме експертизата на Одборот и со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на новите членови.”
Марк Елборн, претседателот на Глобалниот советодавен одбор, изјави:
„Визијата на ГФГ Aлијансата за модернизирање на процесите на производство со ниски јаглеродни технологии и обновлива енергија е енормно возбудлива. Членовите на Глобалниот советодавен одбор се посветени да и помогнат на компанијата да постави силна рамка, да ги исполни своите стратешки цели и да ја постигне својата мисија за јаглеродна неутралност до 2030 година.“
Биографиите на членовите се достапни на: www.gfgalliance.com
Последни новости
Прегледај сè„Промена на ликот на челикот“
ЛИБЕРТИ Скопје неодамна беше домаќин на клиенти, соработници и партнери од целиот Балкански регион на својот 8-ми годишен настан за...
ПрегледајГФГ Алијансата ангажираше врвни експерти во Глобалниот советодавен одбор
Лидерот на одржливата индустрија, ГФГ Алијансата која е сопственик на Либерти Скопје, го најави Глобалниот советодавен одбор чие водечко светско...
ПрегледајПодобрување на лакот за задната страна на пластифицирани лимови
Неколку од нашите клиенти, иако задоволни од квалитетот на пластифицираните продукти коментираа дека перцепцијата на квалитетот може да се подобри...
ПрегледајЛИБЕРТИ Скопје успешно одговора на барањата на клиентите
Ни причинува огромно задоволство да најавиме дека сме во можност успешно да одговориме на целосната листа на барања изразени од...
ПрегледајЛИБЕРТИ Стил Групацијата назначи глобален лидерски тим и независни членови на одборот на директори
ЛИБЕРТИ Стил Групацијата денес најави формирање на нов одбор на директори со тоа што завршува и со консолидација на глобалните...
ПрегледајГФГ Алијансата го заврши 100-дневниот стратешки преглед на ЛИБЕРТИ Скопје и ветува долгорочни инвестиции од 25 милиони евра
Инвестиции од 25 милиони евра на долг рок со цел создавање на водечки бизнис за челик во регионот Значителна инвестиција...
Прегледај