За потребите на нашето производство, односно проширување на нашиот тим за Одржување на производствените линии, ги покануваме сите заинтересирани лица да аплицираат за следната позиција:
Бравар-заварувач (Машинско одржување)
Клучни одговорности:
- Врши демонтажа, поправка и монтажа на: хидраулични, пневматски и машински компоненти и делови
- Врши тековни и превентивни прегледи на линиите и тоа:
- пополнува „Check” листи за проверка и информира за одредени девијации
- врши контрола на течење на масло од опремата
- го контролира притисокот на масло и температура на системите од хидраулика
- ги контролира и по потреба санира системите за емулзија и подмачкување
- Внимава на состојбата на опремата во поглед на нејзиното движење, исправност, поставеност, бучава, темепеартура и испарување
- Активно учествува во отстранувањето на дефекти од машинска природа кои настануваат на линиите
- Ги спроведува потребните постапки за изолација и заклучување пред започнување со работа
- Врши електро и гасно заварување на машински делови и делови од хидраулична, пневматска и друга инсталација
Личен профил:
- ССС
- Работно искуство од мин. 3 години
- Професионална експертиза
- Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа
Што нудиме:
Динамична работна средина во која се стимулира учење и професионален развој. Конкурентен надомест како и дополнителни бенефиции за здравствено осигурување.
Доколку барате можност за работа на предизвикувачки проекти, со цел да влијаете на бизнисот на позитивен начин, Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија – CV на HRJobs.Skopje@libertysteelgroup.com , или аплицирајте на полето подолу.