За Либерти Скопје
Либерти Скопје е дел од Либерти Стил Групацијата, глобална компанија за челик и рударство која има 200 производствени капацитети во 10 земји.
Либерти Скопје е една од најголемите компании во Северна Македонија.
Либерти Скопје има годишен производствен капацитет од 750к тони ладновалан, 200к тони поцинкуван како и 77к тони пластифициран челик со кои ги опслужува клиентите од градежната и општата индустрија низ Балканот и Југоисточна Европа.
Компанијата брои околу 480 вработени и има за цел да биде најсилниот деловен партнер за челик низ целиот регион, нудејќи им на клиентите сигурни, флексибилни и иновативни производи.
Компаниски профил
Назив на правен субјект
ЛИБЕРТИ АД Скопје
Опсег на деловна активност:
Компанијата произведува ладно валан челик, поцинкувани котури и плочи, и пластифицирани котури. Фабриката има голем број на производствени процеси, вклучувајќи: линија за Лужење, Тандем, Двостан, Поцинкална и линија за Пластификација.