Пластифициран Лим
Пластифицираниот лим е производ за широка потрошувачка кој ги комбинира структурните карактеристики на челикот со заштитните и естетските својства на пластификатот. Достапен е во различни квалитети, широка палета на бои и површински аспект. Овој производ е специјално развиен за задоволување на барањата на цврстина, флексибилност, издржливост како и исплатливост во секторот на градежништво. Тој е стандардно решение за фасади, кровови, архитектонски објекти, а исто така и “сендвич” панели, пропратни елементи (олуци, опшивки…) итн. Крововите од пластифициран лим даваат слобода во избор на форма, изглед и боја, се вклопуваат совршено во секоја околина и ги надополнуваат сите архитектонски стилови од најтрадиционални до најавангардни. Широкиот опсег на челични производи – прави или лачни, рамни или профилирани им нудат на архитектите огромна палета на можности. Покрај естетските квалитети, крововите од челичен лим исто така даваат супериорни резултати во однос на водо-непропустност, механичка цврстина, издржливост, карактеристики при пожар, кондензација како и акустична и термална удобност. Секогаш постои решение направено од челик кое ќе ја задоволи било која специфична потреба.